Приказната на денот е „бомбата“ што ја објави претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Тој објави дека е испратена понуда од 150 милиони евра за играч што не сакаше да го открие. Но, шпанските новинари открија за кого станува збор.
Станува збор за играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Жоао Невес. Флорентино Перез рече дека станува збор за нов Галактико. Дека е млад, дека е играч на клуб од Лигата на шампионите и дека не е од Премиерлигата. Дека не е дефанзивец, туку играч од средниот ред или напаѓач, а Португалецот одговара на профилот.
Тој има 21 година, дојде од Бенфика во 2024 година и во последните две сезони се етаблираше како еден од главните играчи на двократниот европски шампион.
Оваа сезона, тој постигна седум гола и запиша четири асистенции во 38 меча во сите натпреварувања. Реал веќе го доведе Дензел Дамфрис, а прашање е само на време кога Ибрахим Конате ќе биде официјализиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
