Шпенде: Скопје е убав град, евтино е!

Трите нови засилувања, двајца Словенци, Александар Шпенде и Миха Пучник и Португалецот Гонзало Рибеиро в недела ќе дебитираат во дресот на Металург во натпреварот од Лигата на шампионите против Чеховски медведи. Иако се само неколку дена со тимот од Автокоманда, сите тројца имаат позитивен впечаток, го пофалија Скопје и изразија голем оптимизам со најава за многу подобри резултати во продолжението на сезоната.

Овде сум две недели, се вклопив во екипата, Скопје е убав град , евтино е. Тренинзите се супер, тренираме како што треба и сега тоа треба да го покажеме лицето на новиот Металург и во што подобро светло да ја одиграме сезоната и да му конкурираме на Вардар. и Мислам дека ќе биде убава сезона до крај и ќе покажеме зошто сме дојдени“ – рече Александар Шпенде.

Како најискусен во најмладиот состав во Лигата на шампионите, 30-годишниот словенечки лев бек, Миха Пучник изрази надеж дека ќе помогне со своето искуство.

„И јас се чувствувам добро овде. Се надевам дека ќе и помогнам на екипата затоа што јас сум сега најстар играч. Се надевам дека ќе помогнам со моето искуство и на помладите играчи. Добро работите и се надевам дека тоа ќе го покажеме и на натпреварот во недела“ – истакна Пучник.

За Португалецот Гонзало Рибеиро кој сезоната ја почна во францускиот Понто Комбо, настапот во Лигата на шампионите е голем предизвик.

„За мене е многу добро што сум овде. Ми е допаѓа проектот гледам дека Металург има добар тим. За еден Португалец е голема работа да игра во Лигата на шампионите. Го поскаувам најдоброто за тимот и за мене. Најважно е да бидеме сите заедно и да ги исполниме нашите цели и очекувања за оваа сезона“ – изјави Гонзало Рибеиро.

Шпенде и Пучник со Металург имаат договори до крајот на сезоната, а ангажанот на Рибеиро е за оваа и за наредната сезона.

Се вчитува...