Штербик: Од нас се очекува дома да го освоиме пехарот

Вардар на доминантен начин се пласира во ново финале на СЕХА – лигата, откако го совлада Мешков Брест со 33-24 во првото полуфинале од денешната програма во СЦ „Јане Сандански“. На голот сигурен беше Арпад Штербик, а искусниот голман вели дека од „црвено-црните“ се очекува да го освојат пехарот во ова натпреварување.

„Одигравме квалитетно, иако не бевме сјајни. Но, победата не дојде во прашање во ниту еден момент, а Мешков Брест е сепак екипа за респект, со која сме ремизирале и од која сме губеле во минатото. Имаат неколку повредени играчи, но ние бевме на ниво во поголемиот тек од мечот и стигнавме до победата. Сега треба добро да се одмориме и го чекаме ривалот во финалето. Од нас се очекува да го освоиме пехарот, играме дома и имаме квалитет“, изјави Арпад Штербик по триумфот над Мешков Брест.

Се вчитува...