Штерјов потпиша за Гостивар

Гостивар ја засили центарската позиција потпишувајќи договор со Александар Штерјов. Искусниот кошаркар остана без клуб по распадот на Охрид, на маса имаше и понуда од ФМП, но сепак на крајот се реши да ја прифати понудата на гостиварци, тим со кој ќе атакува на пласман во плејофот.

Овој кошаркар минатата сезона ја мина во дресот на Кожув, а претходно има настапувано и за уште неколку македонски прволигаши. Со оглед на правилото за домашни играчи кое ќе важи во првиот дел од сезоната, јасно е дека Штерјов ќе му биде од голема помош на тренерот Србиновски.

Тој веќе го одработе и првиот тренинг со новиот клуб и се очекува да дебитира на самиот старт на сезоната, на дуелот од првото коло против Академија ФМП.

Се вчитува...