Штерјовски прозиваше во Прилеп: И Победа почна со подготовките (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шефот на стручниот штаб на Победа, Зоран Штерјовски ја изврши првата прозивка пред стартот на зимските подготовки, пред фудбалерите на прилепскиот тим образложувајќи го планот на подготвителниот период.

На првиот собир присутни беа сите староседелци, со исклучок на капитенот Александар Крстески кој следните денови ќе се приклучи на тренинзите на екипата. На првиот тренинг во салата на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, со своите нови соиграчи, од новајлиите присутен беше само Благојче Коњарски. Зоран Даноски почнува со тренинзи од утре како и двајцата српски интернационалци Мирослав Станиќ и Милан Војводиќ кои поради проблеми со отежнатиот сообраќај го пропуштија првиот тренинг, додека Бразилецот Уемерсон Рамон во Прилеп се очекува да дојде на 13. јануари.

pobeda start 7

Од утре, според планот на Штерјоски, следат тренинзи по два, а во одредени денови и три пати на ден, се до заминување на подготовки во Охрид. Ќе се тренира во сала, теретана и на терените на Могила и на вештачката трева, во зависност од временските услови.

Прилепчани до почетокот на пролетниот дел на првенството договорија пет проверки на формата, а се бара спаринг партнер за „генералката“ на 11. или 12. февруари.

[new_royalslider id=”478″]

Се вчитува...