Штерјовски: Резултатите од пријателските не се мерило, Пелистер ќе биде максимално подготвен за Првата лига

Во вториот контролен натпревар за време на летните подготовки Пелистер вчера во Охрид загуби од Работнички со 2-0. Но, за шефот на стручниот штаб на битолчани, Зоран Штерјовски во оваа фаза од подготовките резултатите на тестовите воопшто не се важни…

„Ова за нас е втор натпревар и без разлика на поразот јас сум задоволен. Момците одиграа добро во двете полувремиња и нема што да им замерам. Цело време пробуваме некои варијанти во составот и се додека не почне првенството резултатите од контролните натпревари не се воопшто важни“ – вели Штерјовски.

Стратегот на Пелистер е убеден дека тимот максимално подготвено ќе го дочека враќањето во елитното друштво.

„Овие натпревари ни се повеќе од добредојдени за темпирање на формата. Сигурен сум дека Пелистер максимално подготвено ќе го дочека стартот на шампионатот“ – ни изјави Штерјовски по вчерашниот дуел со Работнички.

Се вчитува...