Американскиот бек Лангстон Лав е третото странско засилување за ГКК Штип за оваа сезона. Клубот и официјално го потврди ангажманот на кошаркарот кој доаѓа од Тексас и со себе носи квалитетно искуство од силната американска колеџ-лига.
Лав во својата колеџ-кариера ги бранеше боите на реномираните универзитетски екипи на Бејлор и Џорџтаун. Особено забележителна беше неговата последна сезона (2023/24) во дресот на Бејлор, каде што покажа исклучителна ефикасност. Иако сите натпревари ги започнуваше од клупата за резерви, тој успеваше да постигнува по 11 поени во просек по натпревар, наметнувајќи се како еден од клучните играчи во тимот.
Со овој трансфер, штипскиот состав значително ја засилува надворешната линија и ги потврдува високите амбиции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
