Штип убедлив на стартот од финалето со Борец Велес

Одбојкарите на Штип УГД ја истакнаа сериозноста на кандидатурата за шампионскиот трофеј откако славеа во првиот финален дуел против Борец Велес со 3-0 во сетови.

Штипјани важат за фаворити во оваа финална серија, улога што ја оправдаа со беспрекорното издание во кое не му дозволија ниту сет на гостинот од Велес. Борец освои само 15 поени во првиот сет, гостите стигнаа до 22 во вториот сет, за третиот сет Штип да го добие со 25-17.

Задмард со 15 поени беше најдобар поединец во победничкиот тим, додека Илиев го заврши мечот со 13 поени. Кај гостите најефикасен беше Оливеира со 14 поени, единствениот со двоцифрен ефект.

Борец ќе има шанса за реванш на вториот натпревар што ќе биде на програмата в понеделник со почеток во 20 часот во Велес.

Се вчитува...