Одбојкарите на Штип УГД е новиот шампион на Македонија во одбојка, откако вечерва го добија и третиот натпревар против ГОК Борец, и со тоа слават двојна круна во македонскиот одбојкарски шампионат, откако претходно го освоија и Купот.
Штипјани вечерва победија со 3-0 во сетови (25:18, 25:18, и 25:16) со што испишаа историја со првата шампионска титула во македонскиот шампионат.
Без загубен сет во финалната серија, штипјани успеаја на доминантен начин да стигнат до трофејот, на радост на штипската публика. Во полуфиналето Штип го елиминираше Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

