„Што е со Роналдо? Веќе никого не може да издрибла!“

Јувентус ја изгуби битката за трофејот во Копа Италија откако по изведување на пенали загуби од Наполи. Најдобрито фудбалер на „старата дама“, Кристијано Роналдо втор натпревар по паузата поради пандемијата од коронавирусот е непрепознатлив. Со критики кон португалскиот ас се јави и поранешниот италијански напаѓач Лука Тони кој вели дека Роналдо веќе не може никого да издрибла.

„Поразот на Јувентус е на сметка на Кристијано Роналдо. Се гледа дека има физички проблеми и не е во старата форма. Навистина не знам што се случува со него, не може да издрибла ниту еден фудбалер“, изјави Лука Тони. 

Роналдо во финалето на Копа Италија урна свој негативе рекорд. За прв пат во кариерата Португалецот губи два финални натпревари по ред, откако во декември минатата година загуби од Лацио во Суперкупот на Италија.

Се вчитува...