Српскиот спорт денеска е завиен во црно, по трагичната смрт на кошаркарскиот генијалец Дејан Милојевиќ, кој почина на 46-годишна возраст во САД.
Овој стручњак беше доказ дека за да бидеш врвен тренер не мораш да освојуваш трофеи, а еден од најголемите успеси во кариерата на Милојевиќ беше создавањето на кошаркарскиот џин – Никола Јокиќ. Извонредниот центар својата кариера ја почна во тимот на Мега, а токму советите на Милојевиќ беа меѓу најважните фактори за „дебелкото од Сомбор“ да прерасне во кошаркарска легенда.
„Ми беше чест да бидам дел од неговиот меч за збогум од Мега. Јас сум среќен што тој беше дел од мојата кариера, од мојот живот. Дејан Милојевиќ, тоа е човек кој секогаш е среќен, секогаш е искрен и ви носи енергија кога вие ја немате. Тој е, ако така можам да кажам – совршен човек. Можам да кажам дека уживав играјќи а Дејан бидејќи секогаш знаев што точно треба да правам на теренот. Секогаш добивав добри совети, имам само убави спомени од нашата соработка“, изјави пред неколку години Јокиќ за овој извонреден стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА