Што јаделе „пелистерци“? Цел тим се жали на труење со храна…Ќе се одложи ли мечот со Шкупи?!

Фудбалерите на Пелистер наместо на пат кон Скопје во пресрет на првенствениот дуел со Шкупи, поради труење со храна се однесени во градската болница во Велес. По заедничкиот ручек, пред да го продолжат патот кон стадионот „Чаир“ во Скопје, најголем дел од фудбалерите се пожалиле на стомачни тегоби, и заминале на лекарски прегледи. По ова, јасно е дека клубот ќе бара одложување на натпреварот против Шкупи.

Злобниците, пак, од друга страна велат дека ова е добра финта на Пелистер, кој пред три дена играше тежок натпревар против Силекс во Кратово, исто така претходно одложен, да земат здив и да имаат уште еден одложен натпревар со кој би калкулирале во пресрет на финишот на првенството, а во битката за опстанок во елитната дивизија.

Мечот меѓу Шкупи и Пелистер е закажан за 16 часот, на стадионот „Чаир“ во Скопје.

Се вчитува...