Што се случува со Баерн: Бохум на полувреме води 4-1 против шампионот на Германија

Баерн Минхен се наоѓа пред катастрофа на гостување против Бохум, откако баварскиот гигант по 45 минути игра има огромна негатива од 4-1 против аутсајдерот.

За трагедијата да е уште поголема, Баерн е тимот што прв поведе со голот на Левандовски во деветтата минута, по што се чинеше дека баварците ќе стигнат до рутински триумф.

Фуријата на домаќините почна со израмнувачкиот погодок на Антви Аџеј во 14. минута, за потоа Бохум да даде три гола во последните десет минути од полувремето. Локадија од пенал донесе водство на домашниот состав, пред Гамбоа и Холтман со евроголови од работ на шеснаесетникот да го матираат резервниот голман Улрих, кој има кошмарен настап како замена на повредениот Нојер.

Се вчитува...