Што се случува со скијањето? Тежок пад на Шифрин, со хеликоптер пренесена во болница (ВИДЕО)

Најдобрата светска скијачка и една од најдобрите во Светскиот куп, Микаела Шифрин претрпе тежок пад на спустот во Кортина д’Ампецо.

Шифрин, која е специјалистка за технички дисциплина, настапуваше во италијанскиот ски центар со стартен број осум, и на еден завој со голема брзина направи грешка, се лизна и во пад се удри во заштитната ограда.

Драматично изгледаа првите моменти затоа што скијачката продолжи да лежи, но за среќа остана при свест и успеа да стигне до стазата. По нејзе дојде хеликоптер и ја однесе во болница.

Пред десетина дена нејзиниот дечко Александер Килде патна на спустот во Венген и беше пренесен во болница. Минатиот викенд во Јасна на велеслаломот пад доживеа Петра Влхова која беше пренесена во болница со хеликоптер.

Се вчитува...