„Штрковите“ го прелетаа „Кале“ – убедлив триумф на МЗТ Скопје

Првиот натпревар во домашното првенство во новата година не донесе изненадување на „Кале“, каде МЗТ Скопје ја оправда фаворитската улога и славеше над Вардар со 67-100, во заостанатиот натпревар од третото коло. Аеродромци се мачеа да го „натскокаат“ Дујоковиќ во рекетот во првото полувреме, но брзите пет лични грешки на поранешниот македонски репрезентативец донесе друга слика на паркетот во вториот дел. Денешниот натпревар го отслика големиот број на изгубени топки во двата реда, Вардар „изгуби“ 24 топки, додека гостите од Аеродром натпреварот го завршија со 14 изгубени топки.

Вардар амбициозно го започна натпреварот и веќе по една и пол минута имаше предност од 7-0. Водството на „црвено-црните“ не траеше долго, аеродромци ја завртија одбраната и го натераа противникот на неизградени шута, одиграа добро во рекетот на противникот па веќе до крајот на првата четвртина стигнаа до предност од 17-22. МЗТ Скопје се мачеше да го најде напаѓачкиот ритам, но надокнади со добра игра во одбраната. Вардар беше приморен да завршува на индивидуален квалитет, а позтивна работа за тренерот Јованчев беше Дујковиќ кој ја „спушти завесата“ во рекетот и беше најзаслужен што на полувремето Вардар имаше негатива од 37-43.

Четвртата лична грешка на Дујковиќ на почетокот на второто полувреме донесе проблеми за домашниот состав во играта под обрачот, а тоа добро го искористи МЗТ Скопје, кој преку Олуџоби и Крстевски создаваше поени во противничкиот рекет и стигна до двоцифрена предност. Надежите за враќање во натпреварот на „црвено-црните“ пропаднаа со исклучувачката лична грешка на поранешниот македонски репрезентативец во 27. минута од натпреварот, па без класичен центар во противничкиот табор, „сино-белите“ од минута во минута ја зголемуваа предноста која на крајот на 30. минута изнесуваше +17 (50-67). До крајот на натпреварот следуваше „опуштено“ темпо каде двата тима ги чуваа своите играчи за престојниот густ распоред, а шанса добија и младите Василевски, Иванов, Бајрам, Тачи и Величковски.

Најрасположен во домашниот тим со 18 поени и 3 скока беше Димкембе Диксон, додека 15 поени и 6 скока додаде Дамјан Крстевски. Седум играчи во таборот на МЗТ Скопје запишаа двоцифрен број на поени од кои најрасположен со дабл-дабл учинок од 17 поени и 10 скока беше Фени Олуџоби, додека Иван Крачиќ натпреварот го заврши со 14 поени и 4 асистенции.

Се вчитува...