Шукер доби нов мандат на чело на ХНС, сплиќаните обвинија за нерегуларно Собрание

Давор Шукер очекувано доби нов мандат на чело на Хрватскиот фудбалски сојуз. Шукер беше реизбран на претседателската функција со 47 гласа за, еден против (Дарио Шимиќ) и тројца воздржани.

Но, претставниците на Хајдук предвреме го напуштија Собранието кое го сметаат за нелегално. На претседателот на Надзорниот одбор на Хајдук, Славен Марасовиќ му беше исклучен микрофонот во моментите кога ја критикуваше ХНС, па Дамир Врбановиќ побара да му биде одземен зборот. Потоа претседателот на Хајдук, Иван Кос повика да биде откажано Собранието, по што сите делегати од сплитскиот клуб ја напиштија салата.

„Ќе се обидеме да го оспориме пред судот ова нелегално Собрание. Ова е лакрдија. Потребна ни е голема бура за да се проветри се во ХНС“ – рече Кос пред медиумите по напуштањето на Собранието.

Се вчитува...