Напаѓачот на Лориен, Арманд Лориенте, дефинитивно го постигна еден од најубавите и најатрактивните погодоци од слободен удар во историјата на фудбалот.
Во стилот на легендарниот Жунињо, 22-годишникот го изненади противникот откако испрати „ракета“ од 40 метри. Топката леташе долго и заврши во долниот агол од голот на домашниот тим.
Соиграчите на Лориен беа во неверување, па се фатија за глава, а потоа лудо го прославија голот кој им донесе реми во 87. минута.
WHAT ON EARTH IS THIS???? pic.twitter.com/2ORljzy0c2
— mx (@MessiMX10i) March 21, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА