Репрезентацијата на Швајцарија во првото коло од новата сезона во Б-дивизијата од Лигата на нации во Скопје доаѓа без својот капитен и најдобар фудбалер, Гранит Џака.
Селекторот на Швајцарците нема да може да смета на својот капитен на следните септемвриско-октомвриски четири натпревари од Лигата на нации, поради суспензијата за наводно користење фалсификуван ковид-сертификат.
Како што пренесуваат швајцарските медиуми, Џака користел фалсификуван сертификат за КОВИД-19 во 2022 година. Јавното обвинителство во Луцерн го истражува случајот. И покрај тоа што сето тоа се уште е во фаза на докажување, сепак, Швајцарската фудбалска асоцијација и Џака одлучија тој денеска да не се појави на тренинг-кампот во Белек овој понеделник.
Натпреварот од првото коло во Лигата на нации меѓу Македонија и Швајцарија се игра на 26 септември (сабота) на арената „Тодор Проески“ во Скопје од 20:45.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
