Швајцарија доминира: Македонија со негатива од 0-2 на полувреме (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од 0-2 на полувреме против Швајцарија во натпревар од 1. коло од Б-дивизијата во Лигата на нации.

Во првите петнаесет минути Швајцарците беа подобар противник, но ние успеавме да се одбраниме. Продолжи навалата на гостинот и во следниот период, а Македонија првата полушанса ја имаше во 17. минута кога дебитантот Гаштаров биеше над голот на Кобел.

Швајцарците ја материјализираа подобрата игра во 22. минута (1-0) откако Ремо Фројлер го матираше Столе Димитриевски.

Гостите продолжија да напаѓаат и по голот, а во 28. минута статива погоди Ндоје. Новата казна стигна во 40. минута кога  Амдуи ја удвои предноста (0-2).

Се вчитува...