Швајцарија ја шокираше Словенија, Словачка пак Полска

Неверојатни изненадувања ни донесоа дел од денешните натпревари во баражите за пласман на ракометното Светско првенство 2024 година.

Репрезентацијата на Словенија доживеа вистински шок откако на домашен терен загуби од Швајцарија со 26-27. Швајцарците одиграа неверојатен натпревар во кој и повеќе од заслужено стигнаа до триумф, па печат на пласманот на Мундијалот ќе треба да стават пред својата публика. Мануел Зендер со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Алекс Влах постигна пет.

До голема сензација стигна Словачка која славеше на гостувњето кај Полска со 28-29. Јурај Бриатка со 11 гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Камил Сипжак заврши со ист број погодоци.

Во првиот меч од денешната програма, иако потешко од очекуваното Австрија ја оправда фаворитската улога славејќи на гостувањето кај Грузија со 25-27. До лесен триумф стигна и Унгарија која на гостински терен ја прегази Литванија со 26-33.

Се вчитува...