Швајцарија ќе ја пречека Македонија во Луцерн

Швајцарците го одредија градот домаќин за натпреварот со Македонија во 4. коло од Лигата на Нации. Луцерн ќе ги дочека нашите фудбалери на мечот кој се игра на 6. октомври.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Термоплан“ кој е со капацитет од 16.800 места. Последниот меч на овој стадион Швајцарија го одиграла против Естонија на 4. јуни 2024 година и победија со 4-0. На овој стадион, Швајцарците имаат само еден пораз, и тоа од Романија во 2012 година на тест меч.

Стадионот во Луцерн е отворен во 2011 година, а неговата изградба чинеше 60 милиони евра. На него игра тимот на Луцерн.

Покрај Швајцарија, во групата со Македонија се уште и Словенија и Шкотска. Против Шкотите играме во Глазгов, додека со Словенија на „Стожице“ во Љубљана.

Се вчитува...