Швајцарија со сомнителен пенал го освои Белфаст (видео)

Швајцарија со едната нога веќе се наоѓа на СП 2018 во Русија откако оваа селекција во првиот бараж дуел како гостин славеше над Северна Ирска со минимални 0-1.

Репрезентативците на Швајцарија покажаа повеќе на „жешкиот терен“ во Белфаст, но до триумфот стигнаа со сомнително досуден пенал по десетина минути игра во второто полувреме. Џердан Шакири упати силен удар, на неколку метри пред него се наоѓаше Кори Еванс, кого топката го удри во пределот на рамото, а судијата покажа на белата точка, предизвикувајќи бутна реакција меѓу домашните фудбалери и навивачи.

Бекот на Милан, Рикардо Родригез, беше сигурен реализатор на пеналот со кој Швајцарија стигна до значајна предност пред реваншот што в недела ќе го игра на домашен терен.

Се вчитува...