Швајцарците доминираат на трките во Колорадо во последните денови, Џастин Мурисие беше најдобар во спустот, Марко Одермат триумфираше во супервелеслалом, но најголемото изненадување се случи во денешниот велеслалом што заврши со победа на Томас Тумлер.
Станува збор за искусен 35-годишен скијач кој досега во богатата кариера немаше ниту една победа во Светскиот куп, па јасно е зошто неговата радост беше огромна откако како првопласиран го заврши второто возење.
Тој заврши со вкупно време 12 стотинки побрзо од она на второпласираниот Лукас Пињеињо Братен, големиот бразилски талент кој испиша историја – прв Бразилец што се искачил на пиедесталот на една трка од Светскиот куп. Тој последните години настапуваше под норвешко знаме, но по конфликтот со федерацијата реши да се врати на корените и почна да настапува како Бразилец.
Словенецот Жан Крањец го освои третото место, додека фаворитот Марко Одермат не ја заврши оваа трка излетувајќи од патеката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА