Швајцарски скијач загина при лет со параглајдер

Трагичен настан се случи во Швајцарија, во кој животот го загуби скијачот Џан-Лука Барандун. 24-годишниот скијач загинал при лет со параглајдер. Тој загубил контрола и удрил во карпа, што предизвикало смртни последици. Трагедијата ја потврди и Скијачката федерација на Швајцарија.

„Скијачката федерација на Швајцарија со мислите во овој тежок момент е со ожалостеното семејство. Изразуваме искрено жалење за загубата“, изјави извршниот директор на федерацијата, Маркус Волф.

Барандун имаше 17 настапи во Светскиот куп, а беше специјалист за брзите алпски дисциплини.

Се вчитува...