Македонските репрезентативци го одработија официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“ во Скопје пред утрешниот натпревар со Швајцарија на стартот од новата сезона во Лигата на нациите.
Македонија за првпат во својата историја е дел од Б-дивизијата, откако успешно ја мина претходната сезона убедливо освојувајќи го првото место во Ц-дивизијата, со пет победи и само едно реми во групата.
Репрезентативците се и тоа како мотивирани за утрешната пресметка со фаворитот, без разлика на теренот на нашиот најголем стадион на кој, пак, се пожалија противниците веднаш по доаѓањето во Скопје.
Швајцарците веднаш искажаа критики кон теренот, како што рече нивниот селектор Јакин – „на таков терен не може да се игра фудбал“… Но, македонските „лавови“ веќе од поодамна се навикнати на истиот. Во минатото имаше и чести поплаки, секако очекувано, и од македонските репрезентативци, но и самите веќе се откажаа од истите… Како и да е, теренот и за двата тима, утре ќе биде истиот… Па, нека победи подобриот!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
