Швајцарците си поиграа со првиот противник на Македонија на ЕП

Швајцарија си поигра со првиот противник на ракометанта репрезентација на Македонија на Европското првенство, откако вечерва ја декласираше Украина со 32-22.

Швајцарците уште од самиот старт на мечот ја покажаа големата разлика во квалитет, наолнувајќи го голот на Украинците од самиот врв (20-11). Во вториот дел Швајцарија рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 32-22.

Натпреварот меѓу Македонија и Украина со кој двете репрезентации ќе го имаат премиерниот настап на Европското првенство, ќе се одигра на 10. јануари во Виена со почеток во 20:30 часот. Покрај, Македонија и Украина во групата Б се наоѓаат и домаќинот Австрија, како и стариот добар познаник Чешка.

Се вчитува...