Швијонтек и Осака победнички го почнаа УС Опен

Ига Швијонтек и Наоми Осака се пласираа во втората рунда од УС Опен откако славеа со максимални 2-0 во своите премиерни мечеви од американскиот гранслеем.

Швијонтек за противничка ја имаше Ванг Ксиу од Кина, во дуел што мина во апсолутна доминација на полската тенисерка и убедлива победа изразена со конечните 6-2, 6-3. Многу понеизвесно беше на пресметката меѓу Осака и Захарова, во која се играа два тајбрејка. Во клучните момент сепак подобра беше Осака, која го доби првиот тајбрејк со 8-6, вториот со 7-3 и се пласираше во следната рунда.

На машкиот дел од турнирот, третиот носител Оже Алијасим загуби еден сет, но сепак стигна до билет за второто коло со победата над Хиџиката од Австралија со 7-6, 4-6, 6-3, 7-5.

Тиафо го доби маратонот против сонародникот Дам, враќајќи се од 1-2 за конечен триумф од 3-2 во сетови, додека Шелтон со 3-1 беше подобар од Грикспор.

Беретини триумфираше со 3-0 против Стен Вавринка, со што швајцарскиот ветеран со порзз во првото коло го заврши својот последен гранслем турнир во кариерата.

Се вчитува...