Најдобрата тенисерка во светот, Ига Швјонтек на неверојатен начин стигна до ново четвртфинале на ВТА турнеата.
Таа денеска се пласираше во четвртфиналето на ВТА турнирот во Мадрид кој е од серијата 1000, откако во осминафиналето на фуриозен начин ја преслуша домашната тенисерка Сара Сорибес Тормо со максимални 2-0, дозволувајќи и само еден гејм (6-1 и 6-0).
Во четвртиналето Полјачката за противник ќе ја има Бразилката, Беатриз Хадад-Маја која беше подобра од Марија Сакари од Грција со 2-0 (6-4 и 6-4).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА