Полската тенисерка Ига Швјонтек, во маратонски меч кој траеше повеќе од три часа и 14 минути, ја совлада Арина Сабаленка во финалето на турнирот во Мадрид.
Шјонтек дури во третиот сет со тајбрејк го скрши отпорот на противничката тенисерка. Откако го доби првиот сет со 7-5, а во вториот Сабаленка беше подобра и израмни со 6-4.
Во третиот сет вистинска драма, откако заврши 6-6, па тајбрејкот решаваше за победникот. Таму полската тенисерка победи со 9-7, и на крајот го доби мечот и го крена пехарот од овој турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА