Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласираше во финалето на ВТА турнирот во Рим, откако во полуфиналето ја совлада Коко Гоуф од САД со 6-4, 6-3.
Мечот траеше 1 час и 48 минути. Во досегашните 11 меѓусебни средби, ова беше 10-та победа на полската тенисерка. Првата два гема во првиот сет ги доби Гоуф, но Швјонтек со пресврт успеа да дојде до 6-4.
Во вториот сет Швјонтек направи два брејка, и го освои сетот со 6-3. Во финалето ќе игра со победничката од дуелот Сабаленка – Колинс. Полјакињата го освојуваше овој турнир во 2021 и 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА