Џексон Ричардсон (роден на 14 јуни 1969 година во Сен-Пјер, Реунион) е пензиониран француски ракометар. Како капитен на француската ракометна репрезентација, тој беше носител на знамето за време на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Атина во 2004 година.
Ричардсон почнал да се занимава со ракомет кога имал 6 години, а бил забележан во 1988 година, за време на финалето на Националната 3 лига, од Даниел Костантини, главниот тренер на францускиот тим, кој барал играч од Реунион. Ричардсон потоа потпишал договор со клубот Париз-Асниер во 1989 година и станал дел од репрезентацијата на Франција.
Две години подоцна, тој беше префрлен во ОМ Витрол, тимот со кој ја освои француската лига во 1994 и 1996 година, Купот на Франција во 1993 и 1995 година и Купот на победниците на куповите во 1993 година. После тоа замина во Германија да игра со екипата на ТВ Гросвалштад, со која го освои Европскиот куп на градови во 2000 година. Врвот на неговата клупска кариера се случи во Шпанија, каде што играше во Портланд Сан Антонио, освојувајќи ја Лигата на шампионите против Барселона во 2001 година.
Со француската репрезентација, Џексон освои две светски првенства во 1995 и 2001 година (и четири други медали, во 1993, 1997, 2003 и 2005 година), бронзен медал на Летните олимписки игри 1992 во Барселона, а беше избран за најдобар играч во светот во 1995 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА