Сила: Кај Тиквеш има голем мотив за победа над Вардар

На последните девет меча, Тиквеш не знае за победа над Вардар во прволигашкит пресметки. Со надеж дека ќе се промени традицијата, Тиквеш влегува во оваа пресметка.

Најдобриот стрелец на екипата Н’Фанли Сила со четири гола, смета дека тимот е подготвен за трите бода. Вели дека целта на Тиквеш сезонава е да се пласира во горниот дел на табелата, и ако е можно да избори место во Европа.

„Екипата е максимално подготвена за овој натпревар, и продолжуваме заедно кон победа. За градот, за нашите навивачи но и за нас исто така. Овој меч е многу важен, играме против шампионот, и јас верувам дека кај нас ќе има мотиви за да дојдеме до триумф“, вели Сила и додава:

„Одиме чекор по чекор. Целта е на секој натпревар да освојуваме бодови. Знаеме дека во последните две кола резултатите не беа како што посакувавме, меѓутоа подготвени сме да се вратиме на победничките патеки, како што беше во првите две кола. Ќе дадеме се од себе за победа денеска, а целта оваа сезона е да бидеме во горниот дел на табелата, и следната сезона Тиквеш да игра во европските натпреварувања“, рече напаѓачот на кавадарчани.

Се вчитува...