Силекс и Пелистер го отвораат 2. коло од Првата лига: Битолчани патуваат со желба за победа во Кратово

Поради настапот во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите за Силекс следната недела, натпреварот од 2. коло на кратовци против Пелистер во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра денеска од 17 часот во Кратово.

По убедливата победа од 0-6 на гостувањето против Беласица во првото коло, составот на Горан Симов сега е желен и со втор триумф да го дочека настапот против азербејџански Карабах во Лигата на шампионите.

Но, со амбиции за три бода се и „пелистерци“. Шефот на стручниот штаб на Пелистер, Зоран Штерјовски, по победата во првото коло против Академија Пандев вели дека сега постои дополнителн засилен мотив за ново максимално надигрување на терен преку кое би се стигнало до посакуваниот триумф.

ПМФЛ – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР

Утре (15. август, 17 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА

Недела (16. август, 17 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Велес: БОРЕЦ – РЕНОВА

Се вчитува...