Силекс ќе игра против Карабах во Азербејџан во квалификациите за ЛШ

Македонскиот претставник Силекс го доби Карабах, првакот на Азербејџан, за противник во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Кратовскиот прволигаш ќе патува на гости во Азербејџан на 18/19 август, доколку УЕФА сепак не одреди мечот да се игра на неутрален терен.

Силекс заврши на втората позиција во „замрзнатото“ првенство поради пандемијата од коронавирусот, а откако Вардар не доби лиценца за настап на европска сцена, му се укажа можност за учество во квалификациите за Лигата на шампионите.

Се вчитува...