Силекс против Струга Трим Лум бара продолжување на одличната серија во ПМФЛ

Силекс продолжува да биде најпријатното изненадување во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Кратово кој минатата сезона заврши на втората позиција, годинава продолжува со одличните игри со што поднесува кандидатура за титулата во домашниот шампионат. Тренерот на кратовци Горан Симов, денешното гостување против Струга ТЛ во 5. коло од ПМФЛ, вели дека и покрај тоа што се во одлична форма тие се уште одат чекор по чекор и не размислуваат многу во иднината.

„Сами сме виновни за тоа што со одличните игри направивме противниците да не гледаат многу посериозни. Сепак и покрај одличната форма јас продолжувам со истиот стил на работа. Не гледам многу во иднината туку сум сконцентриран само на следниот меч. Ни следува гостување Струга Трим и Лум тим кој игра добар фудбал. Единствено што барам од моите фудбалери е на секој меч да дадат се од себе, па на крајот кој ќе биде подобар противникот ќе му честита“, вели Симов.

Во моментов Силекс е на лидерската позиција на табелата во ПМФЛ со 10 освоени бода, додека Струга Трим Лум се наоѓа на 9. место со четири бода. Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Силекс е закажан за 16 часот.

ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА

Струга: СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС

УТРЕ (16 ч.)

Скопје: ВАРДАР – ШКУПИ

Битола: ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП

Велес: БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ

Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ

Се вчитува...