Силекс со „тројка“ против Кадино за крај на подготвителната серија

Силекс со победа против Кадино од убедливи 3-0 стави точка на подготвителната серија пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите беше далеку подобар на теренот, сосема заслужено славејќи со убедливи 3-0. Два гола во првото полувреме постигна Ивановски а триуимфот во вториот дел беше заокружен со голот на повратникот Филип Дурански кој треба да биде последно засилување за тимот за настапите на европската сцена.

Се вчитува...