Силекс спаси бод против Пелистер во последен час

Фудбалерите на Силекс беа на работ на пораз, но успеаја да извлечат еден бод играјќи 1-1  против Пелистер во Кратово, во заостанатиот натпревар кој своевремено беше одложен поради снежни врнежи, како дел од 21.коло. Стрелец на водечкиот погодок за „зелените“ беше Петар Љамчевски уште во првата минута од средбата, а израмни Глигор Глигоров во судиското продолжение од мечот.

Пелистер уште на стартот ја изненади одбраната на кратовскиот прволигаш и беше многу блиску до триумф. Илиевски нафрли, а Љамчевски успеа да ја затресе мрежата на Силекс. Но, домаќинот сепак стигна до израмнувачки погодок во самиот финиш од овој дуел.

По 25 одиграни кола, Силекс се наоѓа на третата позиција со 40 освоени бода, додека Пелистер е на претпоследното деветто место, со 24 бода.

Се вчитува...