Одличното возбудливо коло во ПМФЛ продолжи и на денешниот дуел во Кратово каде Силекс и Брегалница во драматичен натпревар одиграа без победник, 2-2.
Кратовци делуваа дека ќе стигнат до рутински триумф откако во седмата минута поведоа со погодокот на Хаџи-Кимов. Не само што тоа не се случи, туку гостите од Штип во второто полувреме направија целосен пресврт, поведувајќи со 1-2.
Силекс тргна на се или ништо, успеа да стигне до израмнување со погодокот на Мишов, кој одлично се снајде по огромната грешка на голманот Јашар и ја смести топката во мрежата.
Домашниот тим тргна на се или ништо, но Брегалница ја имаше најубавата шанса за погодок. Сепак, голманот Џеков успешно интервенираше и овој интересен дуел на крајот заврши се чиин и најреално, со поделба на бодовите…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
