Силекс убедлив, Шкендија освои бод на Чаир, Работнички во финишот поразен во Ѓорче (ФОТО)

Силекс најубедливо го стартуваше новиот шампионат во Првата лига. Претставникот во квалификациите за ЛШ со 0-6 славеше на гости во Струмица кај новиот прволигаш Беласица. Кратовци се разиграа во вториот дел кога ги постигнаа сите шест гола. Иван Ивановски го отвори резултатот во 47.минута, Пепи Ѓоргиев зголеми на 0-2, а третиот и четвртиот погодок беа дело на Денис Ристов. Серијата голови ја затворија Ѓуриќ и Костовски.

Интересно беше и на Чаир, Шкупи и Шкендија имаа по едно одлично полувреме и на крајот ремизираа, 2-2. Дембо Дарбо беше расположен за игра во првиот дел и донесе водство од 2-0 за Шкупи. Првиот гол го постигна во шестата минута, а вториот во 44.минута кога излезе сам пред Захов и го совлада. Но, Шкендија се врати во второто полувреме.


Дориев во 60.минута постигна првенец во дресот на Шкендија, а шест минути подоцна Ахмеди израмни на 2-2. Нафиу можеше да донесе и триумф, но Кривањева спаси бод за Шкупи.


Македонија ЃП го совлада Работнички со 2-1 во Ѓорче Петров. Во борбен дуел, Боби Божиновски донесе предност за „лавовите“ во 40.минута. Одлично реагираше на центаршутот од десната страна и со удар со глава го совлада Ристе Јанков. Сепак, Работнички возврати во вториот дел.

Во 55.минута, Петар Петковски асистираше, а Димитар Тодоровски со прекрасен шут откосо од левата страна ја затресе мрежата на домаќините. Но, ѓорчепетровци стигнаа до триумф во судиското продолжение. Ермедин Адем во 92.минута постигна погодок за победа.


Пелистер има победничко враќање во елитното друштво. „Зелените“ со 1-0 го совладаа составот на Академија Пандев, а стрелец на победничкиот гол беше Анес Хот во десеттата минута од мечот.

Ренова и Струга Трим Лум во Тетово ремизираа без голови. Вчера, Борец славеше против Вардар во Скопје со 0-1.

ПРВА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ – 1.КОЛО

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 2-2

ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2-1

РЕНОВА – СТРУГА ТЛ 0-0

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС 0-6

ВЧЕРА: ВАРДАР – БОРЕЦ 0-1

Табела: Силекс 3, Македонија ЃП 3, Пелистер 3, Борец 3, Шкендија 1, Шкупи 1, Ренова 1, Струга ТЛ 1, Работнички 0, Академија Пандев 0, Вардар 0, Беласица 0.

Се вчитува...