Силекс за првпат оди на зимски подготовки во Анталија

Македонскиот прволигаш Силекс под водство на тренерот Жикица Тасевски ја менува досегашната традиција и за првпат се одлучи да оди на зимски подготовки во Анталија, Турција. Кратовци од 27 јануари до 9 февруари ќе заминат во турската база Анталија и ќе бидат сместени во хотелот „Кремљин Лара“.

„Договорено е кон крајот на јануари и првата половина од февруари да ја реализираме втората фаза од зимските подготовки во Анталија. Силекс досега немал ваква пракса, но благодарност до раководството што ни овозможи да заминеме во Турција и да имаме квалитетни подготовки за вториот дел од сезоната“, вели тренерот на Силекс, Жикица Тасевски.

Силекс во турската база ќе  одигра пет пријателски натпревари кои се веќе договорени. На 30 јануари ќе ги одмери силите со германскиот нисколигаш Хамбург 08, на 1 февруари ќе се сретне со Динамо Тбилиси (Грузија), два дена подоцна ќе има дуел со Милсами (Молдавија), на 5 февруари противник на кратовци ќе им биде унгарскиот тим Балмазујварош, и на крајот ќе се сретне со Тобол од Казахстан.

Во редовите на Силекс ново име е и десниот бек Филип Глигоров, кој доаѓа од Шкупи, а претходно беше интернационалец во БиХ.

Се вчитува...