Воздушниот простор над Париз ќе биде затворен на шест часа за време на церемонијата на отворањето на Летните олимписки игри на 26. јули, а сето тоа како дел од големата безбедносна операција.
Министерот за внатрешни работи, Жерар Дарманин соопшти дека зоната на забранети летови ќе се простори во радиус од 150 километри околу Париз. Сите авиокомпании веќе на време се известени за затворањето на воздушниот простор.
Во рамките не безбедносните мерки, најмалку еден француски воен АВАКС ќе го надгледува небото за време на Олимписките игри, користејќи го својот моќен радар да следи евентуални закани од воздух. А уште еден воен авион ќе пресретнува евентуални неовластени летови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА