Силва и Силва го „решија“ Челси: „Граѓаните“ си газат во Англија

Манчестер сити стигна и до 25-та победа сезонава во Премиер лигата, славејќи во 29. коло со 1-0 во дерби пресметката против Челси.

„Граѓаните“ до трите бода дојдоа благодарение на двоецот Давид Силва и Бернардо Силва. Шпанецот асистираше а Португалецот погоди во 47. минута за конечна победа.

Манчестер сити сега на врвот е со 78 бода, дури 18 повеќе од второпласираниот Ливерпул. Челси остана на 5. место со 53 бода.

Се вчитува...