Силва: Македонија е фудбалска земја – Сега не успеавте, но не се откажувајте од сонот за настап на СП

Бразилската легенда Жилберто Силва денеска заедно со македонскиот претседател Стево Пендаровски го открија трофејот на ФИФА во Скопје, настан кој е дел од турнејата на пехарот низ светот во пресрет на Мундијалот.

Силва не штедеше комплименти за Македонија, па истакна дека му е драго што се наоѓа во земја каде сите го сакаат фудбалот.

„Драго ми е што сум тука во земја каде луѓето го сакаат фудбалот. Фудбалот е инспирација за животот, кој дава надеж, дава верба. Македонија беше многу блиску до Светско, беше на чекор, не се пласира, треба да продолжите да сонувате и со напорна работа да се стремите кон следното СП. Тоа што бевте близу дава надеж и мотивација и инспирација за во иднина“, кажа Силва.

Се вчитува...