Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по победата над Реал Мадрид од 2:1 во дербито на седмото коло во Ла Лига, освен што го „пецна“ Жозе Мурињо, зборуваше и за третиот шпански гигант, Барселона.
По седум кола во Ла Лига, Барселона е перфектна со седум победи во седум натпревари и импресивна гол-разлика 31:7. Атлетико е втор со 16 бодови, колку што има и Бетис, а четврти е Реал Мадрид со 15 освоени бодови.
„Ми се чини Барселона игра друг спорт од тој што ние останатите го играме, како се во друга димензија. Немаа класичен напаѓач, и се појавува Рафиња кој на неколку натпревари даде 12 голови“, изјави Симеоне за телевизијата ЕСПН.
Тренерот на Атлетико е импресиониран од начинот на кој играчите на Барселона вршат притисок врз конкурентите и за големиот ризик кои се подготвени да го преземат.
„Вршат притисок врз противниците и на нивните стадиони, не се плашат да ризикуваат и да примат гол. Моментно, Барселона е најдобра“, додаде Симеоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
