Симеоне и за помала плата останува во Атлетико

Актуелниот лидер во Примера, Атлетико Мадрид, сака да потпише нов договор со главниот тренер Диего Симеоне. Шпанските медиуми најавуваат дека одличниот стручњак е расположен и за продолжување на соработката, па дури и да потпише нов договор со помала плата со цел да го намали товарот на клубот поради финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Симеоне важи за најплатен тренер во светот со заработувачка од 32 милиони евра, но Аргентинецот е согласен на намалување на оваа сума, се со цел да му помогне на мадридскиот клуб. Актуелниот договор меѓу Симеоне и Атлетико важи до летото 2022 година, а во следните денови, неговата сестра и агент, Наталија Симеоне, ќе започне преговори со челниците на клубот за нов договор.

Аргентинскиот стручњак го презеде Атлетико во 2011 година, успевајќи целосно да го воскресне клубот и да освои трофеи во Примера, Копа дел реј и Суперкупот на Шпанија и два пати да го крене пехарот во Лигата на Европа.

Се вчитува...