Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не остана должен на критиките на стратегот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо по меѓусебната пресметка на „Ванда Метрополитано“ која со 2:1 ја доби домашниот тим.
Мурињо, на прес-конференцијата жестоко го критикуваше судењето, посочувајќи неколку спорни ситуации и сметајќи дека неговиот тим бил оштетен со тоа што на Атлетико не му биле искучени двајца играчи уште во првото полувреме.
„Понекогаш одлуките одат во ваша корист, понекогаш против вас. Не смеете да ја изгубите почитта кон судиите. Не е сè дозволено, без разлика дали се викате Мурињо. Го почитуваме секое мислење. Како тренери сме привилегирани и затоа мораме да внимаваме што зборуваме. Мора да ги почитуваме противниците, судиите, колегите. Сите губиме кога ќе се помине границата на респект, без разлика на тоа дали се викате Мурињо, Симеоне, Флик или Пелегрини. Никој не смее да ја преминува границата“, изјави аргентинскиот стратег.
Тренерот на Атлетико го прокоментира и самиот натпревар, истакнувајќи дека неговиот тим добро го контролирал првото полувреме, а предноста ја искористил откако останал со играч повеќе.
„Добро го контролиравме натпреварот во првото полувреме во кое немаше големи шанси. Постојат напади кои го менуваат текот на натпреварот и пеналот врз Џулијано беше токму таков момент. Со играч повеќе ги искористивме шансите во кои можевме да ги загрозиме. Така Џонатан Дејвид даде гол, а потоа и Реал од своите опасни напади ја намали негативата“, смета Симеоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
