Симеоне: Се можеше да биде различно доколку бевме поефикасни

Атлетико Мадрид ремизираше со Баер Леверкузен 2-2 во 5. коло од Лигата на Шампионите и ги загуби сите шанси за пласман во нокаут-фазата од најсилното фудбалско натпреварување. „Јорганџиите“ имаа шанса за победа по голема драма во која судијата првo свиреше крај па ги врати фудбалерите на теренот, но Караско не успеа да реализира.

Диего Симеоне вели дека овој натпревар ја сумира играта на мадридскиот клуб во Лигата на Шампиони и жали за промашените шанси не само на овој натпревар, туку и на другите од групната фаза.

„Може да кажеме дека на некој начин оваа елиминација ја сумира нашата игра во Лигата на Шампионите. На секој натпревар се мачевме и сигурно можевме да освоиме некој бод повеќе доколку бевме малку поефикасни. На крај оваа слика се сумира – промашен пенал, пречка, шутот на Караско… Очигледно, не бараме изговор бидејќи многу работи не направивме. Второто полувреме беше на врвно ниво, Облак запре неколку добри контри, дававме се од себе во некои моменти. Фрустрирачки е дека во Порто нема за што да се бориме“, вели Симеоне.

Се вчитува...