Симеоне за Алварез: „Ќе го пречекаме со раширени раце“

Ситуацијата околу иднината на Хулијан Алварез и понатаму е главна тема во Атлетико Мадрид, но тренерот Диего Симеоне не сака дополнително да ја зголемува тензијата.

Аргентинскиот напаѓач во последните денови е во центарот на голема трансфер-сага. За него постои интерес од Арсенал, додека Алварез преферира преселба во Барселона. Атлетико, сепак, јасно стави до знаење дека не сака да преговара со каталонскиот клуб.

Алварез во изминатиот период не тренираше со тимот, официјално поради здравствени проблеми, а поради тоа не беше во составот за гостувањето кај Севилја. Ситуацијата дополнително се усложни по негативната реакција на дел од навивачите на Атлетико кон аргентинскиот репрезентативец.

Симеоне, сепак, порача дека вратата за Алварез во Атлетико не е затворена.

„Кога ќе се врати, ќе го пречекаме со раширени раце. Тој е важен играч за нас“, порача аргентинскиот стратег, кој се обидува да ја смири ситуацијата околу својот напаѓач.

Алварез пристигна во Атлетико во 2024 година од Манчестер Сити и досега остави значаен печат во мадридскиот клуб. За „јорганџиите“ има постигнато 49 гола на 107 натпревари, но неговата иднина во моментов е неизвесна.

Се вчитува...