Симиќ: Луксембург не натскока, се надевам дека ќе бидеме подобри против Романија

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години со победа над Луксембург го започна ФИБА Челинџерот кој се игра во Сопрон, но надежта на мак-баскетот одигра далеку под очекувањата. Избраниците на селекторот Симиќ се мачеа во поголемиот дел од мечот, но на крајот благодарение на добрата одбрана успеаја да го скрашат отпорот на противникот.

Денеска „црвено-жолтите“ од 16 часот и 30 минути ги очекува нов предизвик наречен Романија во кој македонската репрезентација ќе мора да одигра далеку подобро во одбрана на рекетот и скок играта во кои Луксембруг беше доминантен.

„Загубија убедливо од Швајцарија, гледавме „во живо“ две четвртини од тој натпревар. Резултатот не смее да нè залаже. Факт е дека Швајцарија е одлична екипа. Романската е доста физички посилна од нас. Тука ќе биде основниот наш проблем на овој турнир. Ме загрижува скок играта. Во овие први 40.минути на противникот му дозволивме да нè натскока, и тоа убедливо. Мора многу подобро да го затвораме нашиот рекет. Да се обидеме да „фатиме“ и некој офанзивен скок. Романците се физички посилни, ќе мора да ги удвојуваме во рекетот, и да ги спречиме нивните „втрчувања“ кои доста често ги користат за поентирање. Ако тука бидеме добри, мислам дека можеме да стигнеме до нов успех“– вели Симиќ.

Се вчитува...