Симиќ: Сите кошаркари ќе добијат шанса на турнирот во Скопје

Скопје во следните неколку денови ќе биде домаќин на силен турнир во кој покрај младинските репрезентации до 18 и 20 години ќе настапат и универзитетски тим во САД, Бугарија и Украина. Овие натпревари ќе служат како дел од подготовките во пресрет на Челинџер Купот на ФИБА.

„Овие натпревари ќе ги сфатиме како натпреварувачки. Кога го говорам тоа, мислам дека за секој натпревар ќе играме со 12 кошаркари, иако на подготовките имаме неколку повеќе. Секако, ќе комбинираме, ќе ги провериме сите кандидати за националниот дрес. Можно е до почетокот на натпреварите списокот да биде пократок за некое име. Ќе видиме“, изјави Симиќ.

Избраниците на Тони Симиќ по подготовките во Маврово се вратени во главниот град каде продолжуваат со интензивните тренинзи, а селекторот ќе може да смета на услигите на Миловановиќ, Зекири и Даниловски кои се придружија на своите соиграчи.

„Со нас се и Марко Миловановиќ, Лејсон Зекири, а од пред некој ден и Павел Данаиловски. Поради школски обврски го немаме Иванов. Очекуваме скоро да се врати од Словенија, за да се екипираме пред она што ни следува, првите контролни натпревари“.

За жал за овој дел од припремите селекторот нема да може да смета на услугите на Лука Савичевиќ кој се пожалил на повреда.

„Тој има проблеми со препонскиот дел. Лекарите советуваа мирување, што е и основна рехабилитација за таков вид на повреда. Сметаме на неговите услуги, но тука последниот збор ќе го имаат докторите. Извесно е дека нема да игра на турнирот во Скопје“.

Во првиот дуел „црвено-жолтите“ ќе се сретнат со Универзитетската селекција на САД на 4. јули, а потоа средби и со Украина и Бугарија.

Се вчитува...